Градоначалниците на Охрид и Струга пред неколку месеци се договорија седиштето на на Југозападниот регион да биде во Охрид, но законот не го дозволува тоа.
Градоначалниците на Охрид и Струга пред неколку месеци се договорија седиштето на на Југозападниот регион да биде во Охрид, но законот не го дозволува тоа.
Охрид, зеадно со уште 13 општини од Југозападниот регион имаат на дофат седум милиони евра но треба да знаат како да ги добијат. Дел од овие средства ќе се издвојат од буџетот на државата, а дел ќе се обезбедат од меѓународните претпристапни фондови. Со законот за рамномерен регионален развој, кој беше донесен пред една година, Македонија е поделена на 8 региони кои треба подеднакво да се развиваат. Седиштето на Југозападниот регион според Законот за локална самоуправа требаше да биде во Струга како најголема општина, но пред речиси три месеци градоначалникот Рамиз Мерко рече дека не е во можност да отвори ваква канцеларија поради опструкции од тогашната централна власт во која ДУИ не беше партнер. Тогаш градоначалникот на Охрид Александар Петрески се понуди канцеларијата да биде сместена во нашиов град. За ова двајцата градоначалници склучија и спогодба потпишана од останатите градоначалници на регионов.
Мерко иако се договори сега откога ДУИ стана дел од власта, се предомисли. Вели дека во Струга се создале услови за отварање канцеларија и додава дека мора да се испочитуваат законските обврски.
Канцеларијата во Охрид која е сместена во СРЦ „Билјанини извори“ ќе функционира се додека не се изврши пререгистрација на нејзиното седиште.
Градоначалникот на Охрид вели дека и не е толку важно каде ќе биде седиштето на Југозападниот регион, поважно е тој добро да функционира.
Наскоро ќе биде распишан конкурс за нови пет вработувања. Може да конкурираат лица кои имаат искуство во изработка на проекти или во успешна презентација на веќе изготвени проекти од правни или физички лица. Новите вработени не мора да бидат само од Охрид туку може да аплицираат стручњаци од целиот Југозападен регион
Инаку во изработката на проектите мора да се инволвирани минимум две општини од нашиот регион. Од способноста и стручноста на вработените ќе зависи колку средства ќе се исползуваат од предвидените седум милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град