Наредната недела на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде филмот „Филомена“ („Philomena“).
Наредната недела на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде филмот „Филомена“ („Philomena“).
Проекции ќе има на 20-ти, 21-ви и 22-ри мај 2014 година, со почеток во 20 часот.
Овaa драмај е во режија на Стивен Фреарс и е вистинска уверлива приказна за човечката љубов и за загубата, суштински славејќи го животот. Филмот раскажува за новинар што пишува за политички теми. Тој случајно наоѓа жена која се вика Филомена и која е во потрага по својот син. Филомена забременила како тинејџерка, во Ирска, 1952 година. Поради осудата на околината која ја нарекла жена без морал, детето ѝ е одземено и е дадено на посвојување во Соединетите Американски Држави. Наредните 50 години Филомена ги поминува во потрага по своето дете, а сега заедно со новинарот тргнуваат на пат за Америка.
Во филмот играат актерите Џуди Денч, Стив Куган, Софи Кенеди Кларк.
Влезниците за филмот ќе чинат 50 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град