Јубилејна ликовна колонија „Дебрца“

Мотиви од славно Дебрца претставени на платно во разни техники и годинава беа дел од Уметничката колонија Дебрца. Триесет годишното опстојување на оваа интернационална манифестација зборува дека ликовната колонија во Дебрца претставува мало богатство за оваа општина, кое треба да добие поголема публикација, велат организаторите.

 |  Николоска Биљана  | 
kolonija
колонија

 

kolonijaДенес отпочна интернационалната ликовна  колонија Дебрца, која годинава е во знакот на 30 тото јубилејно издание.  Селото Белчишта преку уметничките дела од колонијата претставува бисер на општина Дебрца нагласи Игор Трајкоски, првиот човек на општината.

„Ова творештво во изминативе години претставува особено богатство каде мотивот е земен од самата општина без разлика на какви техники на творење се земени битно е претставено тоа што се наоѓа во нашава општина Дебрца“ – рече Трајкоски.

Манифестацијата уште од самиот почеток имаше цел, на пошироко ниво да го развива културниот живот на Дебрца, вели Ѓоко Целески организатор на колонијата.

„Се надевам дека ова културно богатство кое го имаме создадено ќе има пошироки димензии затоа што е можеби втора галерија во Македонија по големина и квадратура, каде што на едно место се изложени преку 300 дела, каде што може да има поединечни и групни посети. Затоа сме горди што го имаме и заедно со градоначалникот кој уште од првите денови покажува огромен интерес и внимание ќе ја продолжиме оваа работа и понатаму“ – вели Целески.

Дебрца е многу инспиративно место посебно за ликовната уметност, и оттука црпев инспирација за моите два последни циклуси, вели Димитар Кирчев кој по втор пат е на оваа колонија во Дебрца. Главно,
 уметниците од Бугарија задоволни се од гостопримството а посебно од местото каде се наоѓаат и велат дека се е прекрасно.

kolonija„Јас и минатата година останав воодушевен од организацијата и од љубовта со која не пречекаа организаторите. Од сите услови кои ги имавме за работа, немавме никакви проблеми  и имавме апсолутна творечка слобода.
 Минатата година накратко поминав тука со Васко Ташковски со кој сме големи пријатели и се познаваме точно од тука од колониит“.

Изложбата е под покровителство на општина Дебарца, а за јавноста ќе биде отворена во наредните 10 дена. Дела од колекцијата на ликовната колонија ќе бидат прикажани и на првиот Фолк фест „Црешнобер 2014“ што викендов ќе се одржува во селото Требеништа. Ликовната колонија „Дебрца“ се одржува од 1985 година. Досега се изработени над 600 уметнички дела и организирани 115 изложби низ Македонија. Годинава на неа учествуваат 12 уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Германија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top