Јубилеен патрон на ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Христо Узунов“, одбележа 4 децении од своето постоење. Директорот Тони Симоноски истакна дека нивното училиште постојано е во тек со сите случувања во градот, пред се од аспект на воспитно образовниот процес, но и со останатите случувања од општественото живеење.

 |  Николоска Биљана  | 

Јубилеен патрон на ОУ „Христо Узунов“. Синоќа во Центарот за култура во Охрид во еден прекрасен амбиент и незаборавна атмосфера училиштето го одбележа својот патрон, кој годинава беше во знакот на 40 години од основањето на училиштето. Директорот Тони Симоноски вели дека оваа година е посебна од сите останати, а тоа ги обврзува да продолжат во тој правец.

„Новото време ни наметнува голем број на други обврски, меѓутоа со голем успех ги совладуваме сите препреки. Нормално е да во еден воспитно образовен процес се внесуваат новини, впрочем науката и самото општество продолжува понатаму, а јас се надевам дека ние во чекор со времето ќе успееме да го следиме сето тоа“.

Симоноски вели дека во нивното училиште во текот на целата учебна година е многу раздвижено, а тоа го препознаваат сите, бидејќи и покрај нивните редовни активности, натпревари и сл, тие се докажуваат и на хуманитарното поле.

„Заокружуваме еден циклус на постоење на нашето училиште со нови сили, со нови надежи и со други успеси, точно во предвечерието на нашиот патронен празник се случија многу добри дела,се пласиравме на еден од натпреварите во Италија, во џогерија го освоивме второто место во државата, така да во духот на соработката со учениците и во духот на работата на наставниците ќе продолжиме во тој стил“

Претставниците на збратимените училишта и годинава беа почесни гости на свечената приредба по повод одбележување на патронот на ОУ „Христо Узунов“. За прв пат во нашиот град беше директорот на ОУ „Бора Станковиќ“ од Каравуково, Владимир Станчиќ.

„Знам дека училиштето слави 40 години од работата и во мое име и во име на учениците од моето училиште „Бора Станковиќ“ од Каравуково го честитаме денот на училиштето, исто така и јубилејот и им посакувам многу многу успех, среќа, здравје и веселби“

На свечената приредба учениците имаа приредено богата културно уметничка програма. Се бараше место повеќе за да се следи приредбата, а салата беше максимално исполнета.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top