Поради временските неприлики и засилениот јужен ветер, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во текот на изминатиот викенд беа вонредно ангажирани за расчистување на градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк.

Големите езерски бранови по шеталиштето и во крајбрежниот појас исфрлија големи количини најразновиден отпад (тешко разградлив комунален отпад, трска, реса и др.) кои секојдневно се расчистуваат и транспортираат.
Aкцијата за расчистување ќе продолжи и во текот на наредните денови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град