Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, од 7 ми јуни 2011, во работна посета на Плок, Полска. Тој ќе присуствува на интернационалната конференција на која ќе се дискутира на тема „Оддржливо управување со цврст отпад“. Целта на посетата е признанието кое деновиве го доби ЈП и Локалната самоуправа, во делот на управување со отпад. Создавање модерно претпријатие со подобрување на квалитетот на комуналните услуги е еден од главните мотиви поради кој директорот Алче се избори да влезе меѓу 25 општини од 100 апликанти, од земјите на Централана и Источна Европа.
„Во тој тродневен семинар ќе се расправа пред се за управувањето на отпадот во земјите на централна и источна европа ќе се анализираат проектите кои во таа насока се имплементираат во тие земји и се разбира ќе се пренесат искуствата на европските земји во делот на управувањето со отпад. Иако ние како држава сме далеку од она што европските земји го прават како подржувачи односно како промотори на заштитата ан животната средина, сепак во моментот ќе ги отвориме поглевјата во тој дел сите директиви ќе мора да ги имплементира“, вели Алче.
Општина Охрид преку ЈП „Охридски Комуналец“ е единствен претставник од земјава и неслучајно е тоа така, вели Алче. Тој додава дека оваа конференција е мошне значајна и поради искуството кое ќе се добие од земјите учеснички, кое пак ќе послужи кога ќе се отвори поглавјето за влез во Европа на земјава
„Преку 100тина менаџери на локални самоуправи беа пријавени за учесници, но, се одбраа само 25. Ние не сме случајно таму, нашата работа е анализирана во текот на 3 месеци колку што траеше аплицирањето траеше аплицирањето на овој семинар и тука ќе ги пренесеме нашите искуства во делот на законот за управување со отпад“, изјави Алче
Конференцијата ќе се одржува од 7 до 9 ти јуни во Полк, Полска. Истата е во организација на Институтот на Обединети Нации за истражување и развој-УНИТАР, CIFAL-Plock, Универзитетот за технологии-Варшава и др, а ќе учествуваат раководни лица од локалните самоуправи, експерти, министри, претставници од познати компании од приватниот сектор, невладини организации и универзитетски предавачи од Централна и Источна Европа.
Во текот на работилницата ќе се дискутира за националните и интернационалните проекти за управување со отпад, идентификување на границата на ефективното и исплатливо имплементирање на законите и политиката на управување со отпад на европско ниво, како и креирање на политика за заштита на човековата околина, економскиот и социјалниот импакт на стратегиите на управување со отпад преку нови современи технологии.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град