Серија новини најавуваат од ЈП Комуналец во пресрет на туристичката сезона.
Хигиената во градот на завидно ниво, а граѓаните со ситни замерки задоволни од работата на ова претпријатие.
Со почетокот на туристичката сезона јавната хигиена во Охрид ќе се одржува секојдневно, вклучувајќи ги и викендите. Сликите на преполни контејнери ќе се сретнуваат се поретко најавуваат од комуналното, а сведоци на истото ќе бидат граѓаните кои со мали замерки се се позадоволни од работата на ова претпријатие.
Од ЈП Комуналец најавуваат низа новини со кои ќе се подобри чистотата во Охрид. Променети се навиките на вработените и максимално сме посветени на одржувањето на хигиената во градот најавува Сашо Алчев дир. на комуналното.
Потребата за соработка на ЈП Комуналец со сите чинители останува отворена со што би се подобрила хигиената во градот. Ќе се случи да се повтори слика на преполни контејнери меѓутоа тоа нема да биде по наша вина надополнува Алчев и апелира за соработка на граѓаните. Туристичката сезона е во тек па во таа насока треба де се движи и придржувањето до редот од страна на граѓаните,а секако и почитување на сообраќајните правила со што би се олеснил пристапот на возилата за одржување на хигиена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град