Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет

Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани.

 |  Голабовски Крсте  | 
parking
паркинг

Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани. Ова е само еден од проектите на новиот директор на Ј.П „Градски Пазар“, Тони Коталески.

parking mesto za invalidi„Сметам дека беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар – Охрид, за лицата со инвалидност. Овие рампи кои пред се се направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло јајца и сирење ќе им овозможат ист пристап на сите граѓани на Охрид“, вели директорот Коталески.

Покрај пристапни рампи Коталески додава дека на паркинг просторот со кој стопанисува Ј.П. „Градски Пазар – Охрид, веќе се обележани паркизи за лицата со инвалидност, со што во секое време ќе има слободно место на паркингот за нив.

Ј.П. „Градски Пазар“ двата проекти ги спроведе во координација со Локалната самоуправа и со помош на Ј.П „Нискоградба“ – Охрид и Ј.П. „Градски Гробишта“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top