ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-типизирани дрвени тезги

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-типизирани дрвени тезги 10 (десет) за потребите на Новогодишниот Базар.

 |   | 

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-типизирани дрвени тезги 10 (десет) за потребите на Новогодишниот Базар.

Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:

Физичките лица треба да достава потврда од Комора за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на типизирана тезга за која се заинтересирани.

Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на типизирана тезга за кој се заинтересирани.

Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.

При поднесувањето на Барање заинтересираните ќе ги имаат на увид Шематскиот распоред на продажните места .

Комплетната документација да се достави во затворен плик до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид со назнака “За Оглас-продажно место – типизирани дрвени Тезги”, каде ќе биде заверено со датум,час и потпис,а на барателот ќе му биде издаден приемен лист со исти податоци, и преку email адреса jpgradskipazar@yahoo.com каде можете истата документација скенирана да ја доставите.

Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да се има комплетна документација.

За избор, распределување на продажните места, ќе биде формирана Комисија која ќе одлучува и постапува согласно условите и критериумите кои ги исполнуваат барателите на закуп во врска со поднесените барања согласно предвидените законски акти на претпријатието.

Во случај кога има повеќе баратели кои ги исполнуваат условите подеднакво, крајниот критериум ќе биде кој прв поднел барање за закуп на продажно место.

Огласот се однесува за периодот од 09.12.2020 година до 09.01.2021 година.

Огласот за пријавување трае од 04.12.2020 – 08.12.2020 година.

Непотполни,ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.

Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид или на тел.046/266-600 и 077/909-910.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top