• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ЈП „Билјанини Извори“ времено ќе стопанисува со просторот за сидрење пред мостот кај Студенчишта

ЈП „Билјанини Извори“ времено ќе стопанисува со просторот за сидрење пред мостот кај Студенчишта

На Охрид му доликува да има еден уреден Центар за водени спортови , кој ќе биде отворен за сите граѓани на Охрид за обука, тренирање и рекреација со едрилица или кајак, кажа денеска директорката на јавното претпријатие Гордана Јованоска.

 |   | 


ЈП “Билјанини Извори” од денес го презеде на времено користење просторот наменет за сидрење на пловни објекти, кој се наоѓа кај мостот на каналот Студенчишта. Земјиштето во вкупна површина од 14.426 м2 на стопанисување и одржување  јавното претпријатие го доби со  Одлука на Советот на Општина Охрид на седницата одржана на ден 31ви јануари годинава.

„ Овај дел тука, преку Сојузот за водени спортови ќе го направиме место каде ќе се развива спортот на вода во Охрид
На Охрид му доликува да има еден уреден Центар за водени спортови , за обука, тренирање и рекреација на сите граѓани на Охрид кои сакаат да пловат со едрилица или кајак. “- Гордана Јованоска – директор на ЈП Билјанини Извори

Предходно просторот долги години беше користен од ЕК Стрмец. Јованоска вели дека тие веќе направиле обиди за соработка со клубот и додава дека и понатаму се отворени за соработка и со клубот, со сите здруженија за спортови на вода и со локалната самоуправа во контекст на она  што тие го имаат како програма  во Одделението за спорт.

„Ова ќе биде еден слободен простор каде што ќе можат сите оние кои имаат едрилици, за разлика од досега што немаа пристап, сега ќе можат слободно да влезат, да си ги користат едрилиците. Ние тука ќе имаме вработено лице кое 24 часа ќе го надгледува овој простор како чуварска служба. “ – вели Јованоска.

Славчо Мошовски, член на  „Акватика Јахтинг„ вели дека досега како Здружение за спортско едрење  се соочувале со големи проблеми во поглед на обезбедување на паркинг места и вршење на нивните функции како школа за едрење и развивање наутички туризам.

„Се соочувавме со бројни опструкции. И Еве се надеваме дека од денес дека тие проблеми ќе ги надминеме. Оваа локација е идеална за формирање на еден Центар за спортови на вода. Ние веќе сме во постапка на изработка на нашата годишна програма и се надеваме дека оваа година ќе ги вршиме нашите функции тука на вода, без оглед аза кој спорт станува збор, кајак , едрење , веслање и се надевам дека локалната самоуправа има план и дека истиот ќе го спроведат.“ – вели Мошовски.

Јавното претпријатие Билјанини Извори ги повикува сите досегашни корисници на недвижен имот на локацијaта да се обратат до дирекцијата на ЈП за понатамошно регулирање на правниот статус на досегашните непосредни корисници сопственици на пловни објекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top