ЈП „Билјанини Извори“ со донација за Ковид одделението во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид денеска ја продолжи традицијата на донирање во пресрет на Божикните празници.

 |   | 

ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид денеска ја продолжи традицијата на донирање во пресрет на Божикните празници.

Директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска, со желба за побрзо надминување на Ковид – 19 пандемијата и брзо оздравување на пациентите болни од корона вирусот му ја предаде донација на директорот на Општа болница – Охрид д-р Горан Балев наменета за Ковид одделението во рамките на болницата.

Донацијата се состои од 200 пакети средства за дезинфекција на подови,100 литри течен сапун, 200 пакети – вода за пиење, 160 ролни – бришачи за раце и поголема количина на овошје ( банани и мандарини) наменети за лицата кои се лекуваат во Ковид одделението.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top