Како правен субјект кој стопанисува со јавниот градски простор на територија на општина Охрид, ЈП „Биљанини извори“ утре и задутре како дел од оперативниот план за подготовка на јавниот паркинг простор пред туристичката сезона ќе изврши обележување на паркинг местата низ градот.

Во среда, 6-ти мај, ќе с еобележуваат паркинг местата на „Кеј Македонија“ ( кружно ) и „Македонски Просветители“ од кружното до пресекот со улица „Партизанска“. Во четврток, 7- ми мај, обележувањето ќе продолжи на ул. „Македонски Просветители“ од пресекот со ул. „Партизанска“ до пресекот со бул. „Туристичка“.
Планот за целосно обележување на паркинг местата во централното градско подрачје ќе продолжи во наредната недела за што граѓаните ќе бидат благовремено известени.
ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на граѓаните на Охрид за нивното разбирање и ги уверува дека во краток временски период ќе се заврши со обележувањето, со што повторно за граѓаните ќе се создадат можности за непречено паркирање на нивните возила.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град