Јованоски: Неуморно работиме за обезбедување на подобра иднина на општина Охрид

Успеавме да реализираме голем број квалитетни инфраструктурни проекти. Градоначалникот Георгиески покажа волја и храброст да се бори и постигна голем успех. Со тоа ја заслужи вашата поддршка за уште еден мандат,порача на денешната прес конференција  Науме Јованоски, претседателот на ОО СДСМ. 

 |   | 

Предводени од локалната и централната власт на СДСМ докажавме посветено креирање на политики и подготвеност за реализација на значајни проекти. Неуморно работиме за обезбедување на подобра иднина на општина Охрид, истакна претседателот на охридските социјалдемократи Науме Јованоски, на денешната прес конференција.

Врз внимателно идентификувани потреби на граѓаните и значителна посветеност успеавме да реализираме голем број квалитетни инфраструктурни проекти. Благодарение на градоначалникот Константин Георгиески се реконструираа и асфалтираа значајни градски сообраќајници. Значително се подобрија условите за безбеден и динамичен сообраќај што е од особена важност за жителите и туристите кои го посетуваат градот – истакна Јованоски.

Јованоски потенцира дека локалната власт предводена од СДСМ целосно ги реконструира улиците Асном, Егејска, Прва Македонска ударна бригада, Охридска бригада, Марко Цепенков, 15 ти Корупс и новата улица во поранешна Касарна. Се финишираат градежните работи на улиците Абас Емин и Јане Сандански.

Работиме одговорно и домаќински со темелен пристап и голема упорнсот. Остануваме посветени и продолжуваме да инвестираме во современиот развој на Охрид и обебедуваме подобри услови за туристички напредок. Ние сме отворена партија за граѓаните. Подготвени сме да ги слушнеме граѓанските приоритети, визии и предлози кои ќе придонесат за подобрување на условите за урбано живеење, како и за останатите сегменти важни за општествениот развој на градот како културен и туристички центар – додава Јованоски.

Градоначалникот Константин Георгиески покажа волја и храброст да се бори и постигна голем успех и ја заслужи вашата поддршка за уште еден мандат и за уште една голема победа во Охрид, порача Јованоски.   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top