Јосимоска: Охридските хотели покажаа големо срце

Охридските хотели покажаа големо срце. Во рамки на групата бесплатно сместување во Македонија и превозници со големо срце, годинава зголемен е бројот на хотелиери кои понудија бесплатен одмор за ранливата категорија на граѓани од нашата земја.

 |  Николоска Биљана  | 

Хотелско угостителскиот еснаф од Охрид покажа големо срце приклучувајќи се на акцијата за давање бесплатното сместување на лица со посебни потреби и семејства од социјално ранливата категорија. Првите чекори за една ваква хумана мисија ги направија нашите сограѓанки Лидија Ќосесака и Јованка Климоска уште минатата година, а годинава поттикнати од нивниот пример зголемен бил бројот на хотелиери кои понудиле бесплатен одмор за оваа категорија граѓани, вели Христина Јосимоска претседателот на Здружението граѓани, лица со хендикеп „Илинден“.

Целта ни е да се поврземе и ние со балканските групи кои што навистина многу добро работат и нашите граѓани од Р. Македонија одат на море. Ние минатата година имавме и две семејства од Србија кои што ни беа гости ги сместивме тука и кои што ни беа многу благодарни, секако го видоа Охрид и неговите убавини. 02:49 + 03:19 Впечатоците на тие што веќе беа ан летување се одлични бидејќи имаше семејства кои што дечињата никогаш не ги изнесле од дома не знаеа што е одмор, ни Охрид ..ни Дојран… ни море, така да ова беше една голема поддршка за семејствата и еден голем поттик за социјализација и да се поттикне хуманата страна на човекот“.

Свесни сме дека семејствата од ранливата категорија тешко можат да си дозволат да летуваат во некој хотел или сместувачки капацитет, во нашите туристички центри, вели Јосимовска. Таа смета дека 5 до 7 дена се сосема доволни за едно семејство да се тргнат од нивното сурово секојдневие. Јосимовска појаснува кој има приоритет за да може да добие бесплатно летување.

Предност имаат болните лица, лицата со посебни потреби и самохрани родители кои немаат плата и сигурни месечни примања, само тие доаѓаат во предвид и тоа не секоја година, оние што биле минатата година нема да одат, ќе одат тие што не биле. Потоа повторно се прави селекција, исклучиво списокот се прави кај нас, администраторите, бидејќи неблагодарно е ние да бараме термини нас како што ни одговара зошто сепак хотелите треба да работат и слободните термини кои што ни ги даваат ние ги нудиме на корисниците“.

Јосимовска изрази благодарност до превозникот „Галеб“ од Охрид кои им овозможувал бесплатни превози до целните дестинации, а исто така и до менаџерите на хотелите, Тино, Климетица, Белведере Силекс, Фламенго, Коцарев, Македонија од Дојран, хотелот на некогашен Бетон, Ловец, како и до апартмани Џими и Трпевски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top