Денеска во Охрид престојува висока бизис делегација на познатиот светски бренд во автомобилската индустрија Џонсон Контролс. како што ТВ М вчера објави тие се во потрага по локација за својата нова инвестиција во Македонија.
Денеска во Охрид престојува висока бизис делегација на познатиот светски бренд во автомобилската индустрија Џонсон Контролс. како што ТВ М вчера објави тие се во потрага по локација за својата нова инвестиција во Македонија. Бизнисменот Ристо Гуштеров кој е лично заслужен, како з аоваа така и за претходната нивна инвестиција, потврдува дека Охрид е еден од најсериозните градови кандидати каде овој светски бренд сака да инвестира.
„ Дојденa е делегација од таму за да ги испита можностите з нова фабрика во р Македонија каде се очекува да бидат вработени околи 1500 луѓе. Локации ќе се бираат помеѓу Охрид, Битола, Куманово, Скопје, Тетово и Штип. Ќе се направи евалуација на сите терени кои ќе ги посетиме и после тоа заедно со државната агенција за странски инвестиции и Џонсон Контролс во рок од три месеци ќе биде донесена одлуката кога ќе се гради и каде“, истакна бизнисменот Ристо Гуштеров.
Џонсон Контролс и агенцијата за странски инвестиции треба заедно да одлучат за тоа кога и каде ќе се гради. Сега засега, за инвеститорот Џонсон Контролс посакувана е грин филд онвестиција, додека пак од агенцијата за странски инвестиции сакаат да пренеменат некоја од постоечките фабрики во Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град