Џез Инн и натаму јаболко на раздорот

Не запираат реакциите после двата мирни протести околу работата на клубот Џез Ин. Први со реакција се јавија сопствениците на клубот кои упатија серија обвинувања на сметка на Љупчо поп Стефанија кој беше еден од учесниците на протестот против клубот Џез Ин. Овој пат со своја реакција се јави токму поп Стефанија.

 |  Мишел Наумоски  | 
jazz inn
jazz inn

jazz innДвата мирни протести кои речиси симултано се случуваа минатиот Петок спроти Сабота не ги оставија рамнодушни ниту сопствениците на клубот, ниту протестантите. По првичните обвинувања од сопствениците на Џез Ин упатени кон Љупчо поп Стефанија, еден од учесниците во протестот, сега со реакција се јави и самиот поп Стефанија. Во неговиот допис се вели: „Сакам да напомнам дека јас не сум организатор на протестот, туку сум еден од загрозените граѓани кои реагираат преку протест за незаконитостите предизвикани со работата на кабарето и правото на сопствен живот на граѓаните од соседните објекти. Протестот мирно без инциденти од граѓаните заврши во 3 часот. Јас како еден од учесниците во протестот пред медиумите дадов изјава за сопственото видување на состојбите. Сопствениците на кабарето без соодветно пријавување на надлежниот орган, злоупотребувајќи ја социјалната мрежа Фејсбук, организираа контра протест кој поради присуството на полицијата не ескалира во нешто друго. Утрото во 8 часот на мојот автомобил паркиран наспроти кабарето, по трет пат беше искршен ретровизорот како освета за учество во протестот. Мојата реакција во тој афектен момент беше со демолирање на даските поставени бесправно на прозорците на кабарето кои служеа како поила на улицата. По тоа случување иако цела група ме чекаше за пат на регата во Струга, самиот отидов во полиција и ја пријавив случката, за што полицијата направи записници и излезе на лице место. Потоа сопствениците на кабарето ги изманипулирале медиумите со лажната вест дека организаторот на протестот ги искршил прозорците, тоа е сосема неточна вест. Сакам да истакнам дека ваквата препирка помеѓу мене и сопствениците на кабарето предизвикана со последното предизвикување штета на мојот автомобил сака да го омаловажи мирниот протест на граѓаните и да ја навреди мојата личност.

Со свој став околу ова прашање се јави и општината. Во дописот кој тие го пуштија до нашата телевизија се вели:  Локалната самоуправа ги поддржува  реакциите на жителите од стариот дел на Охрид кои поради бучавата од угостителските објекти не можат око да склопат до раните утрински часови.Токму затоа, од надлежните државни органи бара  наитно да се преиспитаат и одземат издадените дозволи за работа и во иднина, во стариот дел на Охрид, воопшто да не се издаваат одобренија за кабареа, дискотеки и  ноќни клубови. Одобренијата за работа на угостителските објекти не ги издава локалната самоуправа туку надлежните органи на Владата на Република Македонија , кои во најголем дел се задолжени и за контрола на нивното законско работење.Локалната самоуправа потсетува дека централната власт мора да се грижи за спроведувањето на прописите и да ги заштити граѓаните  што живеат во старото  градско јадро.Слична е состојбата и со издадените концесии  за плажите, кои надвор од законските прописи, наместо да се затвараат по 20 часот, тие како дискотеки на отворено, работат до раните утрински часови. Гласната музика од плажите без спиење , во летниот период  ги остава не само жителите на стариот дел туку и на поширокото подрачје на центарот на Охрид и туристичките населби долж крајбрежјето. Локалната самоуправа и во овој случај бара, надлежните органи на централната власт, кои ги издаваат плажите под концесија, прецизно да го утврдат режимот на користење и работното време на плажите кои сега работат како ноќни клубови на отворен простор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top