Ново јавно наддавање за охридските плажи

Повторно наддавање за охридските плажи.

 |  Маленкова Татјана  | 
Lupco Neckovski
Љупчо Нечковски

Дел од концесионерите кои во изминатиот период стопанисуваа со плажите на источното крајбрежје на Охридското Езеро, по негодувањето со министерството за транспорт и врски, одлучија да учествуваат во повтореното јавно наддавање кое треба да се оддржи на 18 овој месец. Тоа е последица на одредените отстапки што биле договорени на разговорите со надлежните во ресорното Министерство за транспорт и  врски.

„Па да конкурирав плажите и условите не се идеални. Ако на почетокот седневме сите заедно ќе постигневме многу повеќе и плажите веќе ќе беа доделени и уредени, но што е тука е ние како плажи кои не бевме опфатени со првиот тендер одлучивме секој поединачно сам да одлучи дали овие услови ќе ги прифати или не. Неможам да кажам ните кој ќе учествува нити колку ќе учествуваат“, вели екс закупец на плажа „Акапулко“Љупчо Нечковски.

За Илија Џепароски пак кој беше концесионер на плажата „Корали“, ни новите олеснети услови на plazi koncesija министрвото за транспорт и врски не се прифатливи.

„Имавме средба со преставници од минисерството, но и новите услови кои ни ги понудија не се прифатливи. Слушам дека некои од екс концесионерите ќе се пријавеле на новиот конкурс, но нека им служи на чест. Се глада дека во Охрид нема еснаф„ вели екс концесионерот на плажата „Корали“, Илија Џепароски.

Дознаваме дека министрвото попуштило по однос на барањата за зелениот појас и паркинзите. Со оваа површина нема да стопанисуваат идните концесионери на плажите, туку миниството или локалната самоуправа.  

„Најповолните понудувачи на 18 договоривме да се избегне едната гаранција од милион денари која требаше да трае до 2017 год. сега останува една гаранција со рок на траење до деветти. Втората поволност е со примањето на плажите на најповолните понудувачи ќе следува член во договорот во кој цената на плажите во иднина ќе се формира од наредната година врз база на локацијата врз која е цената, ќе имаат различна цена плажата во зависност која каде се наоѓа“, Нечкоски.

Рокот за пријавување за учество на електронското наддавање истече на 12 мај, а според информациите, дел од преостанатите десет плажи на охридскиот брег на езерото сигурно нема да добијат стопан. Причина за тоа е што некои од понудените плажи воопшто не се атрактивни, односно се работи за места кои досега никогаш не биле плажи.

Ова е втор обид за издавање на плажите под закуп. Во првиот обид договорите за закуп ги продолжија само пет концесионери и тоа само за плажите во потесното градско подрачје, односно оние места чии објекти работат речиси во текот на целата година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top