Јавните претпријатија на колена

Јавните претпријатија во тешка положба поради слабата наплата  на комуналните давачки. Ваков е ставот на првиот човек на градот Александар Петрески. Додека пак советничката од ВМРО – ДПМНЕ Јованка Дамоска Секулоска, вели дека ЈП биле и остануваат негативна точка во работењето на Локалната самоуправа.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica111
седница111

Јавните претпријатија  се на колена или во тешка состојба. Тоа е генерална слика за работењето на овие п-јатија во целата држава  ане само во Охрид, смета градоначалникот Александар Петрески. Тој кажа дека за бројните проблеми со кои се соочуваат ЈП било разговарано и на ЗЕЛС и со министерите и смета дека треба сериозно да се пристапи кон нивно решавање. Петрески воедно посочи и  кој, според него, е виновникот за ваквата состојба.

sednica ohrid„Кои се пред се не само од прекумерни вработувања туку од разни закони кои штетно влијаат врз работењето на претпријатието“-истакна Петрески.

Советничката на ВМРО- ДПМНЕ Јованка Дамоска Секулоска со непроменет партиски став околу работењето на охридските ЈП, дека биле и остануваат негативна точка во работењето на Локалната самоуправа.

„И покрај многубројните субвенции кои што ги добиваат во однос на тоа и високите цени на услугите кои ги наплаќаат, покажуваат негативни резултати и се склони кон нереално вработување на луѓе. Значи ем им каснат платите на постојано вработените по три-четири месеци, а од друга страна  самите ЈП преку времени вработување на одредено време вработуваат луѓе на тој начин се врши манипулирање на самите вработени“-рече Дамоска.

Сите точки од 55 тата седница на Советот на општина Охрид, кои се однесуваа на деветмесечното работење на охридските ЈП не беа поддржани од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Но и покрај тоа  сите безболно поминаа и беа изгаласани од мнозинството.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top