Градоначалникот на Општина Охрид објави Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
Градоначалникот на Општина Охрид објави Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
Општина Охрид ќе врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2022 година, заклучно со 31.12.2022 година.
Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 1.500.000,00 денари.
Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:
Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Охрид, имаат лицата со статус на:
Услов за погоренаведените категории е:
Напомена: Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања или други тешки заболувања
Доколку се пријават повеќе од 150 лица, со статус на лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест, во тој случај услов за оваа категорија на корисници е:
Граѓаните кои ќе аплицираат треба да ги достават следните документи:
Сите категории на граѓани, опфатени со овој јавен повик субвенционирањето ќе можат да го користат доколку комулативно ги исполнуваат следните критериуми:
Максималните износи за секој корисник на комуналните услуги, односно на субвенцијата, ќе бидат исти и ќе бидат фиксни, односно нема да зависат од месечните трошоци за секој корисник одделно.
Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги достават во затворен плик, лично во архивата на општина Охрид или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака (ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ)
Јавниот повик ќе биде објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавување.
Повеќе информации на следниот линк
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град