Во престојната есенска акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, во околината на Охрид, ќе биде пошумена површина од 60 хектари.
Во престојната есенска акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, во околината на Охрид, ќе биде пошумена површина од 60 хектари.
Околу 50 хектари ќе се пошумат на просторот на „Мауцкер“ и Подмоље , додека во општина Дебрца ќе бидат пошумени 10 хектари. Ќе се засадат 100.000 дрвја јасен и даб, 20.000 садници бел бор. Координаторот на активностите за пошумување, Јовче Цветкоски од ЈП Македонски шуми, информира дека се е подготвно за успешен старт на акцијата што ќе се одвива на три локалитети Мауцкер, Подмоље и Голема Краста, кај Белчишта.
Денот кога ќе се пошумува, петок 13 е прогласен за неработен ден, па се очекува масовност на населението за учество во акцијата потенцираат од ЈП Македонски шуми. Превозот до локациите е бесплатен и организиран, а ќе се поаѓа од пред гимназија. Координаторот Цветкоски појаснува дека за да биде успешно засадувањето, акцијата ќе ја надгледуваат голем број нивни стручни лица кои ќе им помгаат на граѓаните.
Покрај пошумувањето на трите локации обврска на координаторот ЈП Македонски шуми ќе биде и хортикултурно уредување на зелениот појас на патот од Билјанини извори до Синдикални. Појасот ќе биде рзаленет со 3000 садници бреза и туја,а ќе се пошумува и на падините на „Буково“, но како редовна обврска на ЈП Македонски шуми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град