„Јас и мојот живот без некои работи“, пред охриѓани

Документарниот филм „Јас и мојот живот без некои работи“, на охридскиот режисер и сценарист Илија Пиперкоски и во Охрид. Охриѓани за десеттина дена конечно ќе ја видат приказната за која толку многу се зборуваше изминатив период – за 22 годишното момче кое го бара својот биолошки татко низ 23 милионската земја Романија.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ilija Piperkoski
Илија Пиперкоски

Документарниот филм „Јас и мојот живот без некои работи“, на охридскиот режисер и сценарист Илија Пиперкоски и во Охрид. Охриѓани за десеттина дена конечно ќе ја видат приказната за која толку многу се зборуваше изминатив период – за 22 годишното момче кое го бара својот биолошки татко низ 23 милионската земја Романија.

Пиперкоски за ТВ М открива детали и за својот прв игран филм кој е снимен и чека за монтажа. Тој додава  дека многумина ќе се пронајдат во филмот и дека се радува што успешно ги обработува чувствата и на двете страни, и на момчињата и на девојчињата.

„Сакам премиерата на филмот да биде во Македонија  на фестивалот „Браќа Манаки. Признавам дека  огромна желба ми е овој фестивал да се отвори со мојот филм кој го снимав по сценариото кое го пишував цели 5 години, вели Пиперкоски.

Инаку Илија Пиперкоски охриѓани го паметот и по документарниот филм кој го снимаше во Охрид за Водици пред две години. „Филмот ги надмина моите  очекувања, а се надевам дека и јас ги надминав очекувањата на охриѓани“, додава Пиперкоски.

Илија Пиперкоски ќе биде и дел од екипата на Дарко Митревски, за филмот „Трето полувреме“. Овој филм во Охрид ќе се снима кон крајот на август и почетокот на септември.

„Тоа ќе биде приказна за играчи на една, во тоа време, непризнаена нација, водени од припадник на еден народ кој што во тоа време од една зла идеологија, бил предвиден за истребување, кој што станале шампиони на фудбалската лига на своите окупатори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top