Јас гласам!

Фер и демократски предвремени парламентарни избори, цел на коалицијата на граѓански здруженија „Актуел 2011“.

 |  Крсте Голабоски  | 
aktuel 2011
aktuel 2011

Масовно излегување на гласање за време на вонредните парламентарни избори 2011 година, е она за што се залагаме велат од коалицијата на граѓански здруженија „Актуел 2011“. Мотивацијата на граѓаните во овој предизборен период е наш императив, а се тоа поради високоиот степен на апстиненција, особено кај одредени категории на граѓани, додаваат од „Актуел 2011“.

forumЗаеднички на сите беше ставот дека овие избори мора да бидат регуларни, фер и демокртаски, како единствен пат за евроатланска интеграција на Република Македонија. Важноста за успешност на изборите е поврзана со фактот дека ова е година кога е крајно време да се започнат преговорите за влез во големото европско семејство и зголемена меѓународна активност на Македонија, велат од коалицијата на граѓански здруженија.

Потребата од ваква кампања се наметна поради  големиот број анкетни резултати, на релевантни испитувачи, кои покажуваат можен висок степен на апстиненција, особено кај  младите, невработените и другите чувствителни категории на население.За време на кампањата, во текот на месец мај 2011, се планирани средби со граѓаните на организирани собири во вид на форуми и дебати во 15 градови од земјава, како и силна медиумска кампања и културо забавни активности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top