Донација од садници на јапонски цреши, ќе го означи чинот на продлабочување на пријателството помеѓу нашата земја и Јапонија.
Донација од садници на јапонски цреши, ќе го означи чинот на продлабочување на пријателството помеѓу нашата земја и Јапонија.
Нови садници на Јапонски цреши, од денеска ќе го красат плоштадот на градот. Паркот покрај споменикот на браќата Кирил и Методиј, е местото каде беа засадени дрвцата кои се подарок од јапонскиот филозоф Даисаку Икеда, преку неговата фондација во Токио. „Овие садници имаат култно значење во нивната матична земја, а секако и овде кај нас ќе добијат посебно внимание“, истакна градоначалникот Петрески. „На овој начин, гостите од земјата на изгрејсонцето, го ставија Охрид на мапата на светски градови каде тие засадуваат јапонски цреши“. „Воедно на овој начин тие симболично ни го честитаат добивањето на датум за преговори со Европската унија“, вели Петрески.
Деисаку Икеда, кој е светски познат филозоф и хуманист, е добитник на наградата за хуманизам на Охридската Академија на хуманизмот. Во негово име, потпретседателот на фондацијата, Тошиоки Укаи, изјавува дека е многу среќен што овој значаен момент во историјата на нашата земја, има можност да го сподели со граѓаните на Охрид.
Самиот чин на засадување на јапонските цреши, претставува продлабочување на долгогодишното пријателство помеѓу двете земји. „Садниците имаат голема традиција во нашата земја, па се надеваме дека достотјно ќе се однесувате кон нив. Ви порачувам да ги чувате и внимавате на нив“, вели Тошиоки Укаи.
Инаку дознаваме дека поставувањето на овие садници, токму на ова место, е направено по желба и препорака на донаторот Икеда, кој порачува поради нивната раскошна убавина, во нивна близина да се изведуваат одредени манифестации. На прашање зошто е одбран токму Охрид, гостите велат дека тоа го направиле по желба на градоначалникот Петрески при неговата последна посета на Токио. Садници на Јапонски цреши досега има во 17 градови во 8 држави во светот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град