Процесот за влегување на инвестиции од Јапонската Влада, за заштита на езерото е долг и исцрпен, бидејќи е сериозен.
Реална е можноста јапонците да инвестираат во заштита на Охридското Езеро, смета Дејан Паноски од билатерaлниот секретаријат. Јапонската мисија која треба еден месец да престојува во Охрид, покажува сериозен пристап и интерес за доизградба на колекторскит систем, со средства од Јапонската Влада, објаснува Паноски. Додава дека интересот е обостран и веќе од наша страна биле изготвени апликациите. Ако се оди како што треба, парите за првата фаза може да ги очекуваме веќе во октомври, категоричен Паноски.
„Сега очекуваме да се конкретизира финансиската помош. Она што сега се случува е што новата мисија бара детална анализа на сотојбите на колекторскиот систем, за можностите за неговата реконструкција како и за можностите за негова доизграбна на оние места каде тој не е доизграден“, рече Паноски
Во моментов разговорите помеѓу македонската и јапонската страна воглавно се концентрирани на проблематичните точки во функционирањето на колекторскиот систем, вели Паноски.
„Мешањето на атмосферската и фекалната канализација која што врши оптоварување на самиот колекторски систем на пречистителната станица и секако ги зголемува ризиците за загадување на Охридското Езеро на самиот базен“.
Паноски верува дека ова што досега е направено со Јапонците ќе вроди со позитивни ефекти и во најмала рака Јапонската Влада ќе ја финансира првата фаза, изработка на физибилити студија. Тоа понатаму би значело отварање на процес за донаторска конференција или било кој друг начин на средба за да може да се обезбедат средства за имплементација на она што стои во физибилити студијата, додава Паноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град