Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува.

Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно еко-туризам и различни облизи на рурален туризам кој е огромен потенцијал за Балканот, кој треба да се промвира како една туристичка дестинација.
Инфраструктурно поврзување е неопходно за засилување на регионот како туристичка дестинација. Има позитивна клима во односите на РС Македонија и Бугарија, а се работи и на воспоставување на авионска линија Софија – Скопје, која ќе вроди со плод и верувам дека за кратко ќе се наметне потребата од сезонска авионска линија Софија – Охрид, изјави Јаневски. Туризмот гради мостови, вели тој и додава дека обсервацијата и промовирањето на регионот како туристичка дестинација ќе допринесе и иницијативата “Отворен Балкан”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град