Јане Петков – Човекот Амфибија, успеа во својот подвиг

Јане Петков, човекот Амфибија успеа во својата намера.

 |  Маленкова Татјана  | 
Jane Petkov
Јане Петков

Патеката од Горица 1 до малото пристаниште, долга 2388 метри врзан во вреќа ја преплива за 2 часа и 47 минути. Петков на  скептиците кои не веруваа во најавите им покажа што е верба и самоконтрола. На целта стигна свеж и задоволен, со најава дека доколку водата беше потопла би можел да плива многу подолго.

„Имаше една струја лоша уште на првиот километар многу студена, но со мислата си контролираш дека ти е топло и продолжуваш напред. Немав проблем. Ако беше потопла водата ќе пливав многу повеќе 5, 10 километри итн. Но тоа ќе го направам следната година. Сега ќе чекаме од Гинис. Ова е за Гинис. Ова е спортско медицински потфат со понизок хемоглобин и железо во крвта да се издржи на студената вода. Тоа медицината не би можела да го објасни ако не е запознаена со науката на дишење и енергијата на мислата“, истакна Јане Петков.

„Гордост е да се пречека еден ваков пливач кој со право го носи името Човек Амфибија. Благодарност до Jane PetkovЈане Петков што го избра Охрид  за овој несекојдневен подвиг“, истакна претседателот на ОО на Црвениот крст Сашо Точко.

„Можем да кажам дека од самиот старт Јане пливаше со еден константантно темпо од 0,7 километри на час и немаше никакви потешкотии и проблеми. Тој дури и разговараше додека пливаше. Не побара никаква интервенција од страна на екипите кои го следеа, а имаше две медицински екипи, а беа поставени и тимови на спасители на вода. Се помина како што треба и без никакви проблеми и се надевам дека Охрид и охридското езеро ќе му бидат потик не само во Охрид туку и во други водени површини да ги побива рекордите“,истакна претседателот на ОО на Црвениот крст Сашо Точко.

Jane PetkovЗа време на подвигот се водеше  потполна евиденција за текот на пливањето. Претседателот на ОО на Црвениот крст вели дека сега  Ќе се  направи апликација според стандардите  на ГИНИС, за признавање на овој рекорд .
Петков покрај медиумите го пратеа официјални лица од секаков калибар од медицински офицер, од офицер за безбедност, главен судија, помошник судија, техничко лице, шеф на техничко лице , преставник на локалната и преставник на капетанија. Со сите  потписи оваа апликација ќе биде доставена до ГИНИС со надеж дека овој рекорд ќе биде прифатен. Но доколку не го прифатат и Точко и петков се едногласни дека следната година ќе повикаат официјални лица од ГИНИС и подвигот ќе го повторат на многу подолга патека.  
Организатори на овој несекојдневен настан бше Црвениот крст, со подршка на локалната самоуправа и Капетанија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top