Иако во предпразничниот период граѓаните се навикнати на повисоки цени, се чини оваа година ќе поминат нешто поефтино од лани.
Останаа уште неколку дена до еден од најголемите христијански праници. Велигден е празникот кој се карактеризира со големи и богати трпези, со јагнешко и со многу вапцани јајца. Таква ни е традицијата, такви ни се и желбите.
Но најчесто за македонскиот граѓанин, длабочината на џебот не соодветствува со желбата за еден пристоен Велигденски ручек со своето семејство. Двата најбарани продукти околу Велигден се секако јагнешкото месо и јајцата. И едниот и другиот продукт, изминативе години со своите цени и тоа како знаеја да ги шокираат граѓаните. Само да се потсетиме, минатата година јагнешкото достигна цени и до 400 денари за килограм. Еве како е годинава.
„Цената на јагнешкото моментално е 350. Оди добро. Е малку скапо, ама оди добро за Велигденов. Спрема другиве години, јагнешкото е поефтино. До 400 денари стигна, а оваа година е поефтино.“-вели Гоце Каранџулоски од месарата МИК Свети Николе.
Оваа цена од 350 денари за килограм се чини дека ќе биде и максимумот годинава, бидејќи од она што го видовме во неколку месарници во градов, килограм јагнешко чинеше некаде по 300, а некаде и по 280 денари за килограм.
Слична е состојбата и со цената на јајцата. Повторно минатата 2012 година рушеше негативни рекорди. Со цени од 230 па се до 280 денари по шаблон, годинава граѓаните оправдано стравуваа од слично сценарио. Но овој пат позитивно изненадени, бидејќи како што велат продавачите на јајца, цената е непроменета уште од Ноември минатата година.
„Оваа година цените се исти. Има од 150 до 230 денари. Потрошувачката е многу намалена, за разлика од другиве години. Нормално финансиски сите не се моќни. Така да многу е загрижувачка состојбава, не е баш сјајно затоа што на пазаров се гледа што колку и како немаат луѓево. Ако немаат да купат јајца, овошје, зеленчук…“-рече Беким Ајдар од живинарската фарма „Јашар“.
Ајдар вели дека за разлика од лани, продажбата паднала за околу 20 проценти што секако говори за куповната моќ на граѓанинот. Со месарници кои повеќе продаваат свинско отколку традиционалното јагнешко месо, велигденската трпеза се чини со текот на годините полека го менува својот изглед.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град