Извонредните Voca People ја воодушевија публиката на Антички

Нивниот театарско-музички перформанс не остави никого рамнодушен.

 |  Мишел Наумоски  | 
Voca People
Вока пипл

Voca people AntickiАнтички театар синоќа исполнет до последно место. Израелскиот вокално-театарски состав, Вока пипл, не остави никого рамнодушен. Нивното извонредно а-капела пеење во комбинација со модерните звуци низ бит бокс, ја крена на нозе публиката на антички, а во нивниот настап особено уживаше помладата популација. Нивната програма насловена како „Историјата на музиката во 5 минути“, се состоеше од музика од филмовите „Вљубени момчиња“, „Жени во лов“, „Класични времиња“, „Титаник“, вклучуваше изведба на најпопуларните опери, евергрини но и повеќе стилови на поп, рок, соул, ритам и блуз, па дури и електронска музика. Можеби не по вкус на повозрасната публика и оние кои ја сакаат класиката, но сигурно, настапот на Вока Пипл барем според реакцијата на присутната публика беше еден од најинтересните и највозбудливите на годинешното издание на Охридско лето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top