Извинете, лапсус

Индискиот мултимилијардер Субрата Рој го купи хотелот Славија Спектар во Охрид. Иако не сме први април ова е добра првоаприлска шега. Од Агенцијата за странски инвестиции кои вчера ја лиферуваа оваа информација денес ја негираат.

 |  Јаковлева Лионела  | 
slavija
славија

 

Продажбата  на хотелот „Славија“, лапсус. Вака денес од Агенцијата за привлекување странски инвестиции ја објаснија информацијата која вчера ја дал нивниот директор Висар Фида, на брифинг со новинари во Скопје а која одекна во сите медиуми. Од агенцијата за ТВМ велат дека купопродажбата не е извршена и додаваат дека во прашање била грешка во комуникацијата помеѓу нивниот директор и новинарите. Инаку хотелот „Славија“ во моментов се наоѓа под хипотека од Охридска банка чиј корисник е познатиот бизнисмен, Зоре Темелковски. Темелковски за нашата телевизија изјави дека дадената изјава дека хотелот е продаден е паушална и неточна. Тој кажа дека  мултимилијардерот Субрата Рој  е заинтересиран за купување на хотелот „Славија“, но добро е првин да се скокне па потоа да се каже оп. И градоначалникот на Охрид, Александар Петрески бил затекнат кога вчера ја слушнал информацијата за наводната продажба на хотелот. Петрески вели дека доколку се слуќела купопродажбата тој прв би дознал затоа што на сметката на општината ќе легнеле пари по основ платен данок на промет.roj

Петрески обелоденува дека на неговата неодамнешна средба со тимот на индискиот магнат, кој пред речиси еден месец престојуваше во Охрид, станало збор за купување на „Славија“, но и на соседниот хотел „Орце Николов“. Субрата Рој  се интересирал и за хотелите „Инекс Горица“, „Гранит“ и за кампот во Љубаништа, но засега нема никаква конкретна купопродажба, додава Петрески.
Инаку, индиецот Рој неодамна најави дека во Охрид планира да изгради туристички центар, односно град како Лас Вегас , во кој ќе се изградат повеќе казина, хотели и центри за забава. Според неговите најави, концептот треба да биде готов уште во септември, а изградбата на туристичкиот комплекс треба да почне за две и пол години. Неговите намери по се изгледа се сериозни, но во иднина се надеваме дека информациите за неговите инвестиции во државава ќе бидат конкретни, целосни и вистинити а не изгубени во преводот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top