Извештај за стратегиска оцена

Влијанието на животната средина во населбата Видобишта Охрид, позитивно. Оваа оценка доаѓа од веќе направениот Извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина, согласно Законот за животна средина

 |  Билјана Николоска  | 
opshtina
општина

opshtinaЈавен увид и расправа за извештај за стратегиска оцена. Влијанието на животната средина при изведба на планска документација е незначително, а во однос на социо економскиот аспект, истата за овој реон е позитивна. Оваа проценка доаѓа од извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина, кој денеска беше на јавен увид и расправа, во општина Охрид. Интересот на жителите на Видобишта, за каде се однесува овој извештај, беше минимален. Јасмина Момироска Трајкоска, виш соработник за животна средина при локалната самоуправа во Охрид, рече дека општината се јавува во име на имплементатор на постапката.

Изготвувачите на извештајот за стратегиска оцена ја појаснаа целта на денешната јавна расправа и моментот кој е битен за јавноста, а се однесува на измени и дополнување на ДУП-от за населбата Видобишта Охрид.

Правните и физичките лица како и јавноста во рок од 30 дена можат да го достават своето мислење во општна Охрид, во врска со овој извештај за измена и дополна на ДУП за УЗ 11, дел од УБ 11.4, опфат МЗ Видобишта. Потоа, сите забелешки предлози и мислења дополнително ќе бидат разгледани  во секторот за урбанизам при локалната, а последниот збор во врска извештајот ќе го има Министерството за животна средина. Со оглед дека станува збор за домување, ефектите на влијанието на животната средина се позитивни е општ заклучок на претставниците од ќивотната средина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top