Извештаите од УНЕСКО недостапни за советниците

Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура дава штури и непотполни извештаи, велат некои од советниците во градскиот совет. Тие бараат во иднина извештаите да содржат податоци околу забелешките на УНЕСКО при посета на нашиот град. Од локалната тврдат дека подетални извештаи околу тоа има во Министерството за култура.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Извештаите од УНЕСКО недостапни за советниците, реагира Дејан Блажески од ЛДП. Тој со низа забелешки за работењето на Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура за 2015та год. Блажески посочи дека поради несоодветниот начин на презентација на извештаите кои треба да бидат преведени и доставени до советот на општината многупати истите се погрешно толкувани и од советниците и од медиумите. Тој рече дека секторот кој е задолжен за нив треба со официјален преведувач да ги обработи  и да ги достави препораките од УНЕСЕКО до советниците кои се градски избраници. Комисии од УНЕСКО во повеќе наврати го имаат посетено Охрид, но никој не разбра што стои во нивните извештаи кои ги доставуваат до општината по нивното заминување.

И овај извештај кој го добивме е поразителен. Воопшто нема никакви информации за препораките од УНЕСКО кои ни ги упатува нам како град кој е под негова заштита, туку во извештајот има информации кој каде патувал и зошто. Не дека тоа не е важно но мислам дека информациите за извештаите од УНЕСКО се многу поважни, рече Блажески.

Од локалната објаснуваат дека Секторот за меѓународна соработка, соработка со УНЕСКО и култура извештаите ги работи врз основа на претходно добиените податоци од останатите институции. Доколку не се задоволни советниците од содржината на извештајот можат да дадат свои забелешки или да не го гласаат истиот.

Ние како локална самоуправа правиме се што е во нашите можности. Онаа фама која се создава околу посетите на комисиите од УНЕСКО и нивните извештаи не се воопшто оправдани. Зa нив се произнесени релебвантните институции како што е Завод и музеј  па затоа нема никаква потреба за некакви додатни информации, вели Томе Џамтоски, портпаролот на локалната самоуправа.

Овие извештаи од комисиите на УНЕСКО одат во Министерството за култура и националната комисија за соработка со УНЕСКО. Доколку советниците сакаат подетални информации околу тоа стручните служби во локлната се подготвени да излезат во пресрет, кажува Џамтоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top