Изумира охридската јагула

Охридската јагула ќе исчезне доколку не се решат еколошките црни точки во езерото- предупредуваат стручните лица.

 |  Тања Кувенџиска  | 
pojaguluvanje
pojaguluvanje

Охридската јагула ќе исчезне доколку не се решат еколошките црни точки во езерото- предупредуваат стручните лица.

По пастрмката, опасност од изумирање и прети и на охридската јагула.
Стручните лица предупредуваат- таа целосно ќе исчезне доколку наскоро не се реши проблемот со таканаречените црни еколошки точки во езерото. Дополнителен фактор кој ја влошува состојбата е постојаното опаѓање на нивото на водата во езерото.

„Доколку нивото на водата во езерото и понатаму опаѓа, а проблемот со загадувањето на езерото кај Пештани, реките Грашница и Сатеска не се реши, сите напори за спас на јагулата ќе бидат залудни“, вели Лазе Наумоски од Хидробиолошкиот завод- Охрид.

poribuvanjeПоради опаѓањето на водата во езерото и загадувањето доаѓа до измумирање на живите организми со кои се храни јагулата- објаснува Наумоски. Неодамнешниот помор на јагулата е уште еден доказ дека состојбата е повеќе од загрижувачка.

Инаку, најновите мерења на нивото на водата во езерото покажуваат дека тоа е 6 сантиметри под минималната кота од 693, 17 метри надморска висина. Како главна причина за континуираното опаѓањето на водостојот се наведува долготрајната суша и високите температури кои изминатиот период го зафатија овој регион.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top