Кривична пријава и мерка притвор од 30 дена за 45 годишниот Ж.Н од Струга, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „ИЗНУДА“ по член 258 од КЗ на Р.Македонија. Согласно поднесената кривична пријава лицето против кого е понесена пријавата имало цел за себе да присвои противправна имотна корист. Имено Ж.Н на 4 февруари годинава на лице од Охрид, преку мобилен телефон му испратил порака со заканувачка содржина, во која биле упатени сериозни закани по неговиот живот и животот на членовите на неговото потесно семејство, со цел да изнуди парични средства во износ од 1.000.000 евра, а во спротивно се заканил дека ќе бидат ликвидирани членовите на неговото потесно семејство.
„Согласно поднесената кривична пријава,пријавеното лице пораката ја упатило од мобилен телефон откако предходно набавило припејд картичка од српски мобилен оператор.Пораката со заканувачка содржина, пријавеното лице, ја испратило на српски јазик и при тоа побарало исплата на милион евра,во спротивно,доколку не се случи исплатата тој се заканил со лишување од живот на оштетениот и неговите два сина.“-изјави Стефан Димовски,портпарол на СВР Охрид.
Благодарение на превземените координирани оперативни активности на МРВ И СВР, пријавениот бил откриен за многу кратко време и е приведен во полициската станица.
„Кај него се пронајдени два мобилни телефони, од кои е констатирано дека е испратена заканувачката порака. По овластување на истражен судија кај него е направен претрес при што е пронајдена припејд картичката од српскиот мобилен оператор. Овие предмети се одземени и се доставени во прилог на кривичната пријава.“-додаде Димоски.
Димоски информираше дека од страна на истражен судија при основниот суд во Струга на сега приведеното лице му е одредена мерка притвор во трање од 30 дена.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град