Изнајмување педалинка, на сопствен ризик

Голем број шпекулации деновиве во јавноста по несреќниот случај во кој пред една недела во водите на езерото се удавија две деца.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Ljupco Nаstoski
Љупчо Настоски

Голем број шпекулации деновиве во јавноста по несреќниот случај во кој пред една недела во водите на езерото се удавија две деца.

Ohridsko ezeroСпецијална комисија од  охридската капетанија го разгледуваше случајот  и изготви извештај кој е испратен до Министерството за транспорт и врски

Тричлена комисија од охридската капетанија три дена го разгледуваше несреќниот случај во кој пред една недела во водите на езерото се удавија две деца скокајќи од педалинка. Капетан љупчо настоски вели дека нема никакво сомнение дека станува збор за несреќен случај и објаснува дека педалинката е пловен објект за кој лицата кои ја управуваат законски не се обврзани да се на оредена старосна возраст, ниту пак се должни на себе да носат спасоносни појаси.

Педалинката не подлежи на технички преглед  и не се врши нејзин упис во регистер за чамци. Настоски појаснува дека одговорноста при изнајмување на ваков пловен објект ја сносат единствено тие што ја управуваат и тие што ја издале под наем. Капетанот вели дека министерството ќе го разгледа извештајот, а конечниот збор околу случајот ќе го каже истражниот судија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top