Изминуваат првите 100 дена од мандатот на Градоначалникот Бакрачески

Тој на градскиот базен го означи почетокот на работењето на летната пливачка школа „Делфина 2013“, потоа ја посети опожарената зграда на „бул.Туристичка“ чиишто станари добија целосно реконструиран влез,  а во сообраќај ги пушти и новоасфалтираните делови на улиците ,,Карпош Војвода” и ,,АСНОМ”.

 |  Голабовски Крсте  | 
Nikola Bakraceski
Никола Бакрачески

Никола Бакрачески, Градоначалникот на Охрид денес на градскиот базен ја отвори летната школа за пливање, „Делфина 2013“. Тој  истакна дека враќањето на некогашниот сјај на пливачките спортови во нашиот град, претставува приоритет не само на Локалната самоуправа, туку и за него како градоначалник, бидејќи пливањето и ватерполото се спортските дисциплини коишто оставија најголем печат на спортскиот живот во Охрид во изминатите неколку децении.

Nikola Bakraceski„Од тие причини Секторот за јавни дејности има добиено посебни инструкции за развојот на овој спорт и сметам дека заживувањето на отворениот базен и нашиот приоритет изградбата на затворениот базен, ќе ги зголеми перфорамансите и на спортските клубови кои претпоставувам во иднидна ќе бидат помногубројни. Ќе направиме се да го поттикенеме развојот и организациски да ги помогнеме спортските клубови кои ќе се занимаваат со пливачки спортови“, додаде Бакрачески.

Пред истекот на стоте дена од мандатот градоначалникот Бакрачески денес ја посети и опожарената зграда број четири на „бул.Туристичка“ чиишто станари  за само десет дена добија целосно реконструиран влез и констатира дека поголемиот дел од работите се завршени.  Станарите на опожарениот станбен објект пак, не го криеја задоволството од брзата санација помогната од Локалната самоуправа, како и медиумите кои известија за овој проблем.

Nikola Bakraceski„Сигурно во програмата за првите сто дена не му беше ова во план, но успеа и ова да го заврши затоа и нашата благодарност, кон него и кон Советот, кон изведувачите„ДУ-ЕЛ-МА“ за целава оваа работа, кон јавните претпријатија и сите кои беа инволвирани им се заблагодаруваме“, изјави Белинда Андоновска – станарка на опожарениот објект на бул.Туристичка“.

Во рамките на реализирањето на програмата за комунален развој , градоначалникот Никола Бакрачески во употреба ги пушти и новоасфалтираните делови од улиците „ Карпош Војвода “ и „ АСНОМ “ .

ул.асном„Денеска присуствуваме на завршувањето на уште еден од нашите инфраструктурни зафати , што ги планиравме да ги реализираме пред почетокот на туристичката сезона. Го пуштаме во употреба новоасфалтираниот дел од улицата „ АСНОМ“ со површина од 1 800 м2“ објасни Градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески објасни дека во изминативе три месеци беше извршено  асфалтирање на дел од улиците „Радојца Новичиќ“ како и  подготовка за нов водовод и атмосферска канализација и асфалтирање на улиците „ Крум Точков“ „ Јане Сандански “ и „ Сирма Војвода“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top