Измените на Законот за работни односи ги кршат основните права на работниците

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести со кои ќе ги бара правата на работниците. Од Владата остануваат на ставот- измените се во согласност со европските директиви.

 |  Тања Кувенџиска  | 
SSM Makedonija
SSm Makedonija

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести со кои ќе ги бара правата на работниците. Од Владата остануваат на ставот- измените се во согласност со европските директиви.

Најновите измени на Законот за работни односи дополнително ја влошуваат состојбата на работниците. Се кршат нивните основни права, тврдат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Измените се против потпишаните меѓународни конвенции за заштита на работниците и на одредбите на ЕУ кои го регулираат овој сектор, велат од ССМ.
Најголемите реакции се  околу прогласувањето на технолошкиот вишок, ноќната смена, намалувањето на бројот на деновите за годишен одмор, измените на Законот за пензиско осигурување.

Dragan Cvetanoski„Брисел се изјасна дека измените не се во согласност со европските директиви. Министерството им раскажува приказни на работниците, кои од друга страна си ги знаат своите проблеми со кои секојдневно се соочуваат“, вели Драги Јовановски од ССМ.

Од Владата на РМ велат дека реакциите од страна на ССМ биле очекувани. Остануваат на ставот дека измените се во согласност со европските директиви.

„Со синдикатот по ова прашање сме во постојан дијалог. Со измените сакавме да овозможиме повеќе вработувања, но и построга контрола на работодавците и одбрана на работничките права“, тврди Вицепремиерот за евроинтеграции во македонската Влада, Ивица Боцевски.

И додека надлежните се повикуваат на ЕУ и нејзините директиви, македонските работници едвај врзуваат крај со крај во месецот. Износот на просечната плата е нереален, велат тие и додаваат- нашите примања се далеку од износите кои постојано се изнесуваат во јавноста.

На 7- ми ноември, ССМ најавува одржување на протести против измените на Законот за работни односи во шест градови во земјава. Централниот е закажан на 14- ти ноември во Скопје.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top