Изменет начинот на управување со комуналниот отпад

Црните точки за смет во градов се заменуваат со зелени острови. На тие места се поставуваат прес контењери. Засега на две критични места поставени се вакви контењери, а до нив има и стручно лице кое на граѓаните им појаснува како да го одлагаат сметот.

 |  Билјана Николоска  | 
pres kontenjer
прес контењер

pres kontenjerПрес контењери, спас од црните точки за комунален смет. Вакви контењери поставени се на проблематичните места во градов, кои на ЈП „Охридски Комуналец“, му создаваа големи проблеми. На ваквите локации досега невозможен беше пристап на нашите камиони за подигање на контењерите, вели Сашо Алче, директорот претпријатието. Додава дека поради тоа се одлучиле да го изменат начинот за управување со комунален отпад, така што тие места ги нарекле зелени острови и поставиле прес контењери.

pres kontenjerСо цел граѓаните во тој дел на градот да бидат подобро и попрецизно информирани изготвени се и флаери. Алче вели оти многу важно е граѓаните да го прифатат тоа, бидејќи тоа е во нивни интерес. Тој појасна што всушност значат прес контењерите.

Прес контењерите еднаш или двапати во денот ќе ги одржуваат службите на ЈП „Охридски Комуналец“. Директорот најави оти претпријатието е подготвено и на останатите проблематични места во градов да постави прес контењери како би се надминале проблемите со комуналниот отпад.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top