Сопственикот Јован Димовски, одлучи јавно да проговори по цела деценија молк. „Јас сум жртва на корумпрано судство и политички сплетки на одредени моќници“, тврди Димовски.
„Против мене се јавија Охриѓани и сакаа да ме бојкотираат“, вели сопственикот на штедилницата Лавци, Јован Димовски.
„Два и пол месеци бев во притвор за ништо.Никаква грешка немам. Ме затвотија за да се задоволат апетитите на другите. Ме пуштија во стечај, нашто се жалев. Врховниот суд на Р Македонија ми ја врати штедилницата назад. На таа одлука општинскиот суд од Охрид, со нови обвинувања, штедилницата не била моја, а од кого е, се запрашувам и јас“, вели Димовски.
„Станот, автомобилите, личните предмети, се ни задоа, а немаа ни еден валиден докумнет кој потврдува дека требаше да ми биде одземено се“, се жали сопсвеникот на пропаднатата штедилница.
„Сегашниот претседател на основниот суд, тогашен адвокат, Дејаноски, во тоа време ми сврти грб кога бевме во најдобри односи.Со мои документи, телефон, моја машина, против мене поднесоа тужби, со изговор дека се во насока да им помогнат штедачите“, го обвинува Димовски.
Инаку сопствениците на пропаднатата штедилница Лавци, со кривични пријави за стечајните и управни судии, сега ја бараат правдата. Тие се со траг на надеж, дека конечно судството ќе пресуди за воља на вистината во најбрз можен рок и дека вистинските криминалци ќе бидат каде што им е местото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град