Изложба на фрески и икони со Св Климент ќе бидат претставени во Рим

Годинава нашата земја во Италија, Рим ќе се претстави со изложба на големиот светец Св Климент. Тоа е во знакот на одбележување на двете значајни годишнини, 1130 годишнината од доаѓањето на Св Климент Охридски во нашиот град и 1100 од неговото упокојување, како што појасна Милчо Георгиевски, советник – кустос на охридската Галерија на икони.

 |  Николоска Биљана  | 

Македонија во чест на Св Кирил. И годинава традиционално по 48 пат во Рим, Италија ќе се одржи оваа значајна манифестација посеветена на големиот светец. Годинава во рамки на оваа манифестација Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид, ќе има своја изложба на оргинални икони, фреско копии и тематски фотографии. Милчо Георгиески советник-кустос на Галеријата на икони, појаснува дека минатата година на оваа манифестација била традиционалната охридска резба и нејзините поддржувачи, додека пак годинава тоа е во знакот на одбележување на двете значајни годишнини, 1130 годишнината од доаѓањето на Св Климент Охридски во нашиот град и 1100 од неговото упокојување.

„Основен сегмент како носечки дел на изложбата се фреско копии со ликот на Св Климент, заедно или сам, од црквите на територијата на Р Македонија као и на територијата на Србија и Косово, потоа неколку оригинални икони од 13 до 19 век и еден одреден број на фотографии на цркви каде што одреден период од историјата почивале моштите на светителот, каде што и дене денес почиваат неговите мошти, фотографии од моштите на светителот, неговиот гроб на Плаошник“ – појаснува Георгиевски.

На изложбата во Рим ќе бидат претставени вкупно 38 експонати, 18 се фреско копии, од кои 16 се на Заводот и Музеј од Охрид а две од Музејот на Македонија, 5 икони дел од колекцијата на Завод и Музеј, дела од нашето културно наследство од највисока категорија и фотографии, како артефакти кои сведочат за историјата, делувањето и мисијата на Св Климент Охридски во нашиот дел, вели Георгиевски.

„Најстарата икона со претстава на Св Кимент Охридски е од 13 век, како што е и дрвената резба, тоа се двете најстари икони со претстави на Св Клмент, една од фреско копиите е меѓу најстарите, секако зборувам за оргиналната фреска која се наоѓа на јужниот ѕид во цврквата Св Софија, каде што се претставени Св Кирил Солунски и неговиот ученик Св Климент, а била насликана во 1045 година во средината на единаесеттот век“.

Инаку како што нагласи Георгиевски, за изнесување на уметнички дела на изложби во странство, запазена била целата законска процедура, која имала строго пропишани критериуми и процедури. Изложбата ќе биде отворена на 23 мај понеделник, со почеток во 18 часот во музејскиот комплекс „Урбаниана“, во рамки на папскиот музеј во Рим.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top