Изложбата на облека „Ала Турка“ не врати во минатото

Со изложбата на градската облека „Ала Турка“, свечено отворен реставрираниот Воска Амам.

 |  Мишел Наумоски  | 
ala turka
ала турка

Македонија е земја во која се вкрстувале безброј цивилизации, безброј религии и народи. Нема поголем доказ за тоа од секојдневниот говор, полн со примеси од некое друго време, од модата која пред многу години охриѓани ја терале, а која на Охрид му дала еден ориентален шмек. 

obleka ala turkaВчеравечер имавме можност да се запознаеме баш со ова одамна минато време, преку изложбата на градска облека „Ала Турка“ во реставрираниот Воска Амам. Воедно Воска амамот за прв пат ги отвори своите врати за посетителите откако беше извршена неговата реставрација. Црвената лента ја пресекоа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и вицепремиерот на Турција, Бекир Боздак.

„Преку изложбата можеме да се запознаеме со голем број на фустани од скапоцени материјали и европските костуми кои биле дел од градската мода што го отсликувале културно-историскиот развој на Охрид, особено развојот на градската облека со ориентален стил ала турка. Овие примероци се значаен сегмент од големото културно наследство на македонскиот народ и во себе ги сублимираат естетските сфаќања, доминантни на овие простори во тој период преку убавината на самите везови, преку убавината на жолтата срма како и флорантните орнаменти.“-рече Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска.

Voska amamВицепремиерот на Турција, Бекир Боздак пак вели Македонија е лулка на повеќе цивилизации и како таква е конкретен пример во кој што различните култури и цивилизации можеле во мир и слога да имаат соживот и разбирање.

„Тоа што е дел од различни култури и различно цивилизации кои опстојуваат едни покрај други тоа е едно големо богатство за Република Македонија. За тие земји каде што соживотот, каде мултикултурното и мултиконфесионалното е проблем и несфатливост, Македонија е жив пример како би можело тие да опстојат со таа нивна мултикултура и мултиконфесионалност.“-изјави вицепремиерот на Турција, Бекир Бозда.

Изложената облека „Ала Турка“  е еден вистински времеплов во османлискиот Охрид кога охридските дами и господа беспрекорно дотерани шетале по охридската калдрма. Воска амамот пак, се претпоставува дека е изграден околу 17от век со орнаментика карактеристична за тој период, со извонредно богат и елегантен изглед, како и мермерни чешми кои често се среќавале во градбите од ваков карактер. Не постојат точни податоци за годината на изградба на  амамот ниту пак за тоа кој е неговиот ктитор. За реставрацијата на Воска амамот се погрижија министерството за култура и Исламската верска заедница на Република Македонија, како и турската агенција за соработка и координација-ТИКА.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top