Изложба на Фото клуб-Охрид

Одржана изложба на Фото клубот-Охрид. Во просториите на куќата на Робевци по повод патронатот на Охрид, “Св. Климент Охридски”, поставена е 16-та изложба на Фото клуб-Охрид. На изложбата беа претставени околу 50 композиции во црно-бела техника, на кои се застапени охридските улици.

 |  Мишел Наумоски  | 
foto klub
фото клуб

foto klubОдржана изложба на Фото клубот -Охрид. Вчера во просториите на Робевци се одржа 16-та по ред изложба на фото клубот. Со прекрасни фотографии во црно-бела техника, беа претставени охридските улици. Љубителите на фотографијата имаа можност да погледнат од блиску што се случува на охридските улици и истите да ги доживеат. Претседателот на Фото клуб-Охрид д-р Лазар Коњановски вели дека изложбата е подготвена со многу љубов и амбиција од страна на авторите.

“Сакавме охриѓани да го почувствуваат од аголот, од кој ние го гледаме и да ви кажам многу од посетителите, сега имаше и изјави дури викаа леле, како да не,  Охрид, многу убаво, многу одбрано”, изјави претседателот на Фото клуб-Охрид  д-р Лазар Коњановски.

foto klubЖелбата за членство во фото клубот е голема и многу генерации на фотографи се поминати низ тој клуб. Многу млади луѓе сакаат да бидат фотографи, затоа што љубовта спрема фотографијата е бескрајна, а дружбата преку фотографиите уште поубава.  

“Па со фотографија се занимавам во последно време попрофесионално, инаку љубов имам исто од рани детски години, уште веќе од кога имав апрат со 32 фотографии, тогаш не знаев за што побрзо да ги употребам, а сега веќе можам да кажам 4-5 години наназад поактивно, попрофесионално се занимавам”, рече  Бојана Азеска член на Фото клуб-Охрид.

foto klubФотографиите во црно-бела техника се најчестиот избор на фотографите во клубот. Добитникот на златен медал за најдобри фотографии на овогодинешната олимпијада “Фото Медиа”, Зоран Велјаноски- Летра вели дека целта на ова црно-бела изложба е да ги врати љубителите на уметноста назад во времето.

“Во еден разговор на еден состанок на Фото клубот-Охрид, дојдовме до идеја, да бидеме тематски застапени оваа година, бидејќи имаме и сопствени рамки кои ги поседува фото клубот. Одлучивме црно-бела фотографија и тоа да биде баш улична фотографија или street photography со тема на Охрид, секако со цел да ги вратиме назад љубителите на уметноста и да уживаат во носталгијата, во мистиката на црно-белата фотографија што е исто како да пуштиш грамофонска плоча” вели професионалниот фотограф Зоран Велјаноски-Летра.

foto klubФото клуб- Охрид веќе две години е член на Фото Сојуз на Македонија. Претседателот на сојузот Боро Рудиќ кажа дека е многу задоволен од амбицијата и работата на фотографите и од нивниот начин на презентација.

“Ние сме организација, значи асоцијација која од 46-та година, има фото клубови од цела Македонија. Значи 60 години ние имаме традиција, така да кај некои автори го следам нивниот авторски труд со години, а вака колективно како што работи клубот, мислам исто како и минатата година ми беше задоволство да погледнам фотографии, така да ми се свежи од минатата година и можам да кажам, дека дефинитивно постои еден напредок во самата креативна авторска работа во она што го правите тука”, рече Боро Рудиќ.

Оваа изложба беше под покровителство на локалната самоуправа, која беше направена во чест на празникот св.Климент Охридски и во чест на охриѓани. Љубителите на фотографијата, изложбата можат да ја погледнат во текот на оваа недела.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top