Излезе второто издание на брошурата Инвестирај во Охрид

Дваесет проекти во 4 поглавја содржи новото, второ по ред издание од брошурата Инвестирај во Охрид. Како што истакна градоначалникот Никола Бакрачески, брошурата е со корегирани податоци во однос на првото издание и надополнета во однос на можностите за инвестирање во агробизннисот.

 |  Николоска Биљана  | 
invest ohrid
инвест охрид

invest ohridИзлезе второто издание на брошурата Инвестирај во Охрид. Ова издание е надополнето, проширено, корегирано и адаптирано и истото претставува моќно оудие во рацете на вработените во Локалната Самоуправа, нагласи градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека со брошурата на поедноставен и полесен начин се презентирани потенцијалите во делот на инвестирање во туризмот, изградба на хотели и туристички комплекси, во делот на агро бизнисот, лесната незагадувачка индустрија и во делот на изградба на инфраструктурни проекти кои се неопходни за развој на Охрид.

„Веројатно ние сме една од ретките општини можеби и единствени во земјава која што издала ваква брошура. И претходното и со новото издание се користат не само економските промотори кои што работат во Агенцијата за странски инвестиции во земјава и Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони туку и сите оние економски промотори на РМ кои се вработени во Амбасадите и ширум светот“– нагласува Бакрачески.

invest ohridЗа техничките детали на брошурата Инвестирај во Охрид говореше раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов. Тој појасни дека паралелно работат на уште една активност. Имено, со цел на странските инвеститори да им биде олеснет начинот и пристапот во однос на донесувањето на одлуки за инвестирање во Охрид, како и кај оние кои веќе донесле одлуки,  во тек била реализација на проект, обуки за преквалификација и доквалификација на одредени струки или занимања кои што им се потребни на потенцијалните инвеститори, во соработка со Работничкиот универзитет.

„Ние веќе стапивме во контакт и со оние компании кои што одлучиле да инвестираат во Охрид, побаравме од нив да ни дадат еден список на занимања и струки кои што им се потребни во нивниот производствен процес имајќи во предвид дека она што тие го бараат можеби не го имаме ние како струки во нашиот град, меѓутоа заедно во наредниот период ќе извршиме селекција на кадри односно невработени лица кои што согласно потребите на овие компании ќе ги обучиме за кога ќе дојде периодот за објавување оглеси ние да понудиме добар кадар“ – најавува Апостолов.

Апостолов најави дека следното нешто на што биле фокусирани и веќе започнале со реализација,  е подготовка на 3Д  односно компјутерско графички изработени анимации за поедини локации кои би биле понудени како идејни решенија на идните инвеститори.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top