Како фурија, пред нашата камера проструи Бранко Баиќ, инспекторот кој денеска околу четири часа беше сослушан како сведок, во основниот суд Охрид.
Баиќ е лицето од германски „Лојд“ кој вршел контрола и преглед на бродот „Илинден“, кој несреќно потона на 05 септември годинава. Тој денес, пред истражниот судија Весна Кичеец, сведочеше за издадениот сертификат на бродот „Илинден“ со кој се потврдува техничката исправност на бродот и му се дозволува пловидба до мај 2010 год. Изненадија кратките изјави на Баиќ и одбегнувањето на камерите. Баиќ рече дека имал напорен ден и оти многу бил изморен. Додаде дека истрагата ќе покажела се.
На денешното сослушување, покрај истражниот судија Весна Кичеец, присуствуваа и адвокатот на Сотир Филев – Димитрие Цобоски и обвинителот Никола Довлев.
Истражниот судија Весна Кичеец, за ТВМ изнесе и нови моменти за големата трагедија, кои ќе влезат во дополнителното вештачење. Имено, се работи за пронаоѓање на остатокот од листовите од бродскиот дневник, кои дополнително ќе се искористат во истражната постапка околу случајот со бродската незгода, во која 15 лица се удавија во водите на Охридското езеро. Дали, засега единствениот обвинет, капетанот на „Илинден“ Сотир Филев, ќе биде пуштен на 05. октомври, кога му истекува изречената мерка притвор, во моментов не се знае вели Кичеец.
Не се знае и тоа дали освен обвинетиот капетан на „Илинден“ ќе има проширување на истрагата и на други лица изјави денес републичкиот јавен обвинител Љупчо Шврговски кој кажа и дека „додека не биде комплетирана истрагата не можат да се соопштат причините за големата трагедија“.Се ќе знае во моментот кога ќе заврши вештачењето.
Начелно, за утре е најавено финалното вештачење на бродот „Илинден“,кое треба да го изврши мешовита експертска комисија составена од пет македонци, три хрвати и еден словенец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град