Изградбата на ОДВ ЕЛЕКТРИК во мирување

Tехнолошко индустриската развојна зона Струга – Охрид, каде што до јуни месец годинава треба да никне ОДВ ЕЛЕКТРИК е во депресија. Ова го кажа првиот човек на фабриката Огнен Цубалевски, кој појсна дека на терен се соочиле со неочекувани дополнителни работи и биле изложени на дополнителен трошок.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Измина речиси половина година од поставувањето на камен темелникот за изградба на фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК. Од  тогаш па се до денес во технолошко индустриската зона помеѓу Охрид и Струга впечатокот е дека работитетешко се одвиваат. Амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер, при неодамнешната работна посета во Охрид немаше нови информации околу реализацијата на оваа германска инвестиција, во нашиот регион.

„И ние немаме нови информации. Според наши сознанија фабриката треба да се отвори во јуни, но немаме да додадеме нешто ново“.

Но затоа пак првиот човек на градот Никола Бакрачески изјави дека работите течат согласно договореното од страна на општината и ОДВ ЕЛЕКТРИК. Тој нагласи дека повеќе од една година германците користат привремен погон на периферијата на градот и постојано ангажираат нови лица.

„Во слободната зона Охрид – Струга во овој момент заради лошите временски услови само привремено се стопирани работите, а веднаш по подобрувањето на временските услови ќе продолжат работите и  ОДВ ЕЛЕКТРИК онака како што има најавено ќе продолжи со изградба на новиот погон каде ќе треба да бидат ангажирани нови технологии и ќе се креираат нови работни места“ – истакна Бакрачески.

Најпрецизни информации околу текот на изградбата на ОДВ ЕЛЕКТРИК добивме од директорот на фабриката Огнен Цубалевски. Тој кажа дека во моментов технолошко индустриската развојна зона е во депресија, се соочиле со непредвидлива состојба на терен и биле изложени на неочекувани дополнителни трошоци во целната микролокација  .

„Ние во зоната досега моравме да го крениме 2 метри нивото на земјата со тампонирање. Значи донесени се според моја слободна проценка 12 метри кубни тампон и направени се темелите. Тоа се неколку стотици камиони и затоа периодот на отпочнување на вистинските грдежни работи се одолговлечи. Но деновиве веќе е донесена челичната конструкција на градилиштето, нашиот контрактор што ја гради челичната конструкција активот штип ни вети период од 30 дена да ја подигне челичната конструкција и да ги затвори панелите“ – изјави Цубалески.

Цубалески очекува дека интерниот план за изградба на фабриката за 9 месеци останува, и дека до јуни месец годинава ќе никне фабриката на ОДВ ЕЛЕКТРИК, но сепак нагласи дека тоа зависи од временските прилики. Инаку во погонот кој функционира во моментов Цубалески рече дека работат  106 лица. Останува времето да покаже дали ќе се исполнат најавите дека ОДВ ЕЛЕКТРИК треба да биде готова во јуни и во неа да бидат вработени 1000 луѓе од регионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top