• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Изградбата на новиот пазар најавена за почетокот на септември, а сеуште не се знае каде ќе се дислоцира стариот

Изградбата на новиот пазар најавена за почетокот на септември, а сеуште не се знае каде ќе се дислоцира стариот

Од јавното претпријатие „Градски пазар“ велат дека планот за дислокација е изработен и дека при преместувањето на тезгите, пазарџиите нема да имаат прекин во работењето. Во игра се неколку локации на територијата на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
pazar

Сеуште не е дефинирана локацијата на која ќе се дислоцира постоечкиот пазар иако изградбата на новиот според најавите треба да започне на почетокот на Септември.

Од јавното претпријатие „Градски пазар“ велат дека во најкраток можен рок ќе биде избрано најадекватното решение. Како можни локации ги споменуваат паркингот на „Градски пазар“ веднаш до постоечкиот пазар, потоа дел од старите градски гробишта во близина на новата автобуска станица, градскиот полигон за мали спортови како и трговскиот центар во комплексот на поранешен Отекс. Од „Градски пазар“ велат дека во насока на изнаоѓање на адекватно решение остварувале поединечни контакти со повеќето закупци на тезги кои излегувале и со свои идеи, како и тоа дека истите благовремено би биле информирани за донесеното решение. Останува сомнежот колку тоа решение би им било навремено соопштено со оглед на тоа дека изградбата на затворениот пазар е најавена за почетокот на месец септември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top