Изгоре еден хектар езерска трска во струшко Калишта

Ова е втор пожар во последните десеттина денови при што интервенираше Противпожарната единица. Деградацијата  се повторува секоја пролет, пред почетокот на туристичката сезона, од страна на  несовесните граѓани. Од Државниот инспекторат за животна средина во неколку наврати  информираа дека активно соработува со Одделението за внатрешни работи Струга во откривање и санкционирање на уништувањето на природното наследство на струшкото крајбрежје.

 |  Соња Рилковска  | 

Повторно опожарена голема површина на трска  во струшко  Пожарот е предизвикан вчера попладне  од  непозанати сторители  на локалитетот  Калишко поле, при што изгоре еден хектар езерска тска. Во десеттина денови ова е втор голем пожар, каде  што интервенираше противпожарната единица.
Деградацијата  се повторува секоја пролет, пред почетокот на туристичката сезона, од страна на  несовесните граѓани, кои  заради профит ,  изградба на плажи и  узурпација  го уништуваат природниот биодиверзитет на Охрдското езеро.

„Со жалење може да констаитраме дека ова не е прв пат да ни се случува ваква катастрофа, меѓутоа вчерашната  е со немерливи последици. Уништени се голем број живеалишта на птици и прирдното емсто каде се мрести крапот“, вели Никола Кукунеш граѓански активист.

Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби,  а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите,  спалени гнезда. Еколозите алармираат со години, а надлежните велат   трагаат по сторителите.

„Со палење на трската прво се прави штета генерално врз сиот живоински свет што е во тој предел затоа што тука се мрестат рибите , птиците имаат свои гнезда. Има несогледливи штети  врз животинскиот свет посебно“, вели Борис Џајкоски еколог

Државниот инспекторат за животна средина пред десетина дена излезе на терен, врз основа на обезбедите  докази поднесе кривична пријава  против лице од Велешта  што ангажирало градежна механизација за насипување  на дел од крајбрежјето со шут и земја на локација кај опожарената трска. Кривичниот законик за недозволена крајбрежна трансформација и уништување предвидува  и затворска казна од три месеци до три години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top