Заврши 21-та седница на Совет. Може да се каже дека истата помина во знакот на бело и црно, или позиција и опозиција. Советниците започнаа вербални препукувања, најпрво по однос на точките кои се однесуваа на предлог одлуките за именување на членови во упрвани и надзорни одбори на новите Јавни претпријатија.
„Слушајќи ги имињата и презимињата на предложените не можам да не забележам дека предложените се партиски војници и блиски на раководните структури во Јавните претпријатија. Ова само по себе кажува дека одборите ќе работат по налог на директорите на ЈП, а тоа не смееме да го дозволиме затоа што таму ќе се носат многу битни одлуки. Забележувам и дека поголем дел од предложените се со средна стручна подготовка, а не со висока“, истакна советникот од ВМРО ДПМНЕ, Борис Стефаноски.
Контрааргументи на овие забелешки изнесе градоначалникот Александар Петрески. Тој истакна дека претпријатијата немаат раководни структури, затоа што конкурси за избор на директори на истите треба да се распишат во следниов период. Тој рече дека неважат и обвинувањата дека поголем дел од предложените кандидати се со средна стручна подготовка.
Советникот Ахмет Пател тврдеше дека при подготвување на листата со кандидати во ниеден момент не е прекршен Законот за Јавни претпријатија. Јоне Станкоски пак советник од редовите на ВМРО НП потенцираше дека не треба да си дозволат да ги омаловажуваат граѓаните со средна стручна подготовка и додаде дека ВМРО ДПМНЕ како партија на која и сметаат вакви работи за претседател на Управниот одбор на НП Галичица имаат поставено човек со средно образование.
По овие меѓусебни обвинувања, сепак на крај советниците ги изгласаа Предлог одлука за именување членови во Управени и надзорни Одбори на новоформираните јавни претпријатија.
Поминаа и предлог одлуките за локалните плански документации. Пред гласањето советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски до претседателот на Советот изнесе три барања. Првото беше на следните седници на Совет за локална планска документација да нема повеќе од пет точки, за советниците да можат потранспарентно да продискутираат за истите. Второто барање беше седниците на комисиите да бидат во поширок состав, поточно на нив да присуствуваат надлежните кои ги цртаат плановите и како трето барање на седниците на комисиите да присуствуваат претствници на медиумите.
Овие предлози на Паноски ги подржаа и градоначалникот како и останатите советници, па сега останува да видиме дали и кога ќе се спроведат.
Советниците на продолжението на денешната 21 седница запнаа единствено на 54-та точка од дневниот ред која се однесуваше на Предлог Одлука за утврдување потреба од изработка и донесување на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела на катастарска парцела 4899 кај локалитетот Андон Дуков.
По пребројувањето на гласовите и по несогласувањата советникот Тунтев од стручните служби побара најпрво објаснување за барањето, а подоцна и поединечно гласање.
Советниците беа запознени дека се работи за градба висока над 10 метри, а барател на истата е Ѓорѓиевска Славка. Советниците оваа точка не ја изгласаа и по убедувањата на градоначалникот дека и оваа одлука ги исполнува сите законски нормативи и дека се радува што конечно започнува да се гради и овој дел на Охрид. А не ги поколеба ни информацијата дека барателот на оваа градба е близок роднина на претеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Сега доколку сопственикот на градежната парцела кај локалитетот Андон Дуков сеуште сака да гради ќе мора да почека шест месеци, за предлог одлуката повторно да биде ставена на разгледување од советниците.
На денешната седница советниците едногласно ја изгласаа и Предлог одлука за отстапување на основни средства – моторни возила од локлната самоуправа на јавните претпријатија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град