Изджан ли е стравот од вирусот А-Х1Н1?

Со почетокот на учебната година, СЗО стравува од епидемија на новиот грип А-Х1Н1. Од охридскиот ЗЗЗ повеќе се плашат од комбинација на овој вирус и регуларниот тип на грип.

logo
лого

Со почетокот на учебната година, СЗО стравува од епидемија на новиот грип А-Х1Н1. Од охридскиот ЗЗЗ повеќе се плашат од комбинација на овој вирус и регуларниот тип на грип.

Атанаско МихаиловЕпидемијата од новиот грип А-Х1Н1, која се очекува да добие поголем интензитет со почетокот на учебната година, нема да стави клуч на училиштата и факултетите. СЗО не препорачува заворање на образовните установи како што не дозволи и затворање на границите, велат здравствените работници.Граѓаните пак во недоумуца, стравуваат од непознатото, но се надеваат дека надлежните институции ќе превземат се, вирусот да не земе епидемиолошки размери.

По препорака на „Министерството за здравство“ и „Министерството за образование“, предвидена е голема акција за спроведување на основни превентивни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите институции каде што има поголема концентрација на деца, ученици и вработени. Со ова ќе бидат опфатени основните и средните училишта, градинките и студентските домови. „Исто така во тек е едукација на образовниот персонал за постапките на превенција и справување со заболените“, вели Атанаско Михаилов, од ЗЗЗ од Охрид.

„Влегуваме во период кога актуелен станува сезонскиот грип, кој без исклучок го имаме секоја година во овој период“, вели Михаилов. Заводот е подготвен за претстоечката состојба и веќе се набавени потребните вакцини за овој вид на грип. „Препорачуваме, вели тој, сите кои се изложени на  постојани контакти превентивно да примат ваква вакцина. Најмногу стравуваме од комбинирање на двата вируси на грип, што би не довело во многу сложена ситуација“, дополнува тој.

„Инциденцата на заболени од вирусот на АХ1Н1 почеста е кај младата популација на возраст од 10-25год. за разлика од обичниот грип кој ги напаѓа повозрасните лица и оние со послаб имунитет“, вели Михаилов.„ Ажурно ќе работиме на превентивата и  нема да доззволиме вирусот да земе епидемиолошки карактер. Досега обезбедивме 2300 единици на вакцината ТАМИФЛУ, а доколку има потреба дополнително ќе набавиме онолку колку што ќе биде потребно“, вели Михаилов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top