Ќе се издава ресторанот на охридските гробишта

Дали после неколку месеци пауза ќе проработи ресторанот на охридските гробишта? Огласот за издавање под закуп на ресторанот во кој се прават задуши на градските гробишта ќе биде објавен наредната недела, обелоденува Зоран Симоноски, директорот на ЈП „Градски гробишта“.

 |  Николоска Биљана  | 
restoran
ресторан

restoranПосле три месеци пауза, на повидок е повторно отварање на ресторанот во кој се прават задуши кај охридските гробишта. Функционирањето на овој ресторан е од посебна важност за граѓаните на Охрид, бидејќи секоја друга опција за правење на задуша на друго место само дополнително го оптоварува буџетот на корисниците на таа услуга.  

„Се надевам дека огласот за издавање под закуп на ресторанот нареднта недела ќе биде објавен.  Интересот е огромен така да ќе видиме кога ќе го објавиме огласот кој се посериозни кои навистина сакаат да се јават “ – најавува Симоноски.

За овој оглас ќе бидат поставени строги критериуми во однос на квалификациите на правните субјекти кои ќе може да се јават и да конкурираат, нагласува Симоноски.

simonoski„Па од условите можам да ви кажам дека почетната цена со одлука на Управен одбор е 2000 евра, плус ДДВ на месечно ниво и сите оние други критериуми за избор за најпволен понудувач во моментов ги дообработуваме ќе бидат доста на повисоко ниво затоа што сакаме да избререме закупец кој што домаќински ќе одговори на целиот град и граѓаните кои што имаат потреба од таа услуга“ – вели Симоноски.

Како што ТВМ информираше пред неколку месеци, договорот со 11 годишниот корисник фирмата„Ивире“, заврши на 27 јануари годинава и истиот не беше продолжен, од причина што сегашното раководство на ЈП затекнале катастрофално лоша состојба во објектот. Симоноски појаснува дека мал дел во рамките на нивните можности успеале да санираат во објектот но, поголемиот дел останал за санација. Тоа влегува во дел од условите на огласот, односно тоа треба да го направи идниот закупец.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top