Избрани работните тела на охридскиот Совет

Каква е реалната состојба со паркинзите во централното градско подрачје? Ова прашање денес на втората седница на охридскиот Совет, беше поставено од страна на Сашо Донев, координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Донев одговор  побара од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Од Сојузот на иднината затекнати од барањето на Донев.

 |  Николоска Биљана  | 
konjanoska
коњаноска

sednicaСостојбата со паркинзите во централното градско јадро е и останува горлив проблем во градот. Фокусот на денешната втора по ред седница на охридскиот Совет беше свртен на предлог барањето на Сашо Донев координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Тој побара информација од градоначалникот Никола Бакрачески за реалната состојба со паркинзите, посебно во пресрет на празниците кога се очекува зголемена фрекфенција на возила и луѓе.

„Советниците поднесуваат барање до градоначалникот да ги извести и информира за состојбите на паркинзите во Охрид  односно во централното градско подрачје, бидејќи ние како советници треба да ги артикулираме мислењата на граѓаните бидејќи секојдневно со нив се соочуваме и она што е наша задача и задача на сите е да му помогниме во однос на нивното полесно живеење и функционирање во нашиот град“.

sovetniciДодека пак Томислав Тунтев, координаторот на советничката група од „Сојузот за иднината“, вели дека биле затекнати од барањето на Донев, околу добивањето на информација од градоначалникот за состојбата со паркинзите во централното градско подрачје. Тој смета дека допрва ќе гледаме хаос во сообрќајот во центарот, бидејќи нарушен е моменталниот режим на сообраќај.

„Денеска бевме изненадени кога го слушнавме предлогот да се надополни дневниот ред, со предлог одлука за некаков горлив проблем и.т.н. Значи затечени сме од овој предлог, ние нити имаме образложение дали се работи за горлив проблем каде е горливиот проблем во што се состои, ние сме свесни како граѓани како учесници во сообраќајот дека рампите се извадени топките кои го двоеа пешачкиот сообраќај од моторните возила се извадени, улицата не функционира за моторни возила иако тоа не е така во режимот на сообраќај кој во моментов е на важност“.

sovetniciИнаку од денеска Советот на општина Охрид може полноправно да ги извршува своите обврски, бидејќи на денешната седница беа формирани работните тела, односно 12 те комисии: Статутарно – правната комисија, Комисијата за верификација, избори и именувања,  за финансии и буџет,  комунални дејности,  урбанизам,  општествени дејности,  туризам и локален економски развој, Комисијата за заштита на животната средина, за месна самоуправа, одбележување празници и манифестации и доделување на награди и признанија, за еднакви можности меѓу мажите и жените, и Комисијата за малди и спорт. Мала забелешка имаше советничката Верица Хајба, во врска со тоа, во иднина да се внимава на родовата застапеност при формирањето на работните тела посебно забележа на тоа што во Комисијата за млади и спорт нема припадничка на понежниот пол. На денешната седница исто така беше верифициран мандатот на независниот советник Кујтим Усеин, кој воедно денес ја даде и свечената изјава.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top